Драги слушатели,
Ќејф ми е да ви го најавам гостувањето на Hенад Тонкин во претпоследното издание на „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103 за 2013 година.
Ненад веројатно го препознавате како оној кој штрака на клавијатури и на некои други машинчиња во Bei The Fish, а оние со малку поголем стаж го паметат и од Бензона.
Во меѓувреме, Ненад создаваше музика за неколку театарски претстави, возеше велосипед, ја сакаше Стара чаршија...
Покрај тоа што водителката на ова радио шоу има нескриени симпатии кон ликот и делото на Тонкин, најважен повод за неговото гостување во ова издание на „60 минути..." е неговиот нов музички проект Mammoth & Jashem и материјалот „Музика за неснимен краткометражен филм“, кој ќе биде издаден за новата издавачка куќа Шарла.
Бидете со нас, во понеделник 23.12.2013 од 21-22 ч. на Канал 103.