По завршувањето на концертот на Бернајс Пропаганда во петокот на 26 ноември 2010 во преполниот клуб Колосеум, на мојот фејсбук профил напишав: Фала ви Бернајс Пропаганда. Вие спасувате животи!
Одговорно стојам зад овој исказ од причина што Бернајс се ендемски вид на македонската музичка сцена, бидејќи тие свират со сето срце, пишуваат вистински ангажирани текстови, но најбитното од се' е што тие вистински го живеат она што го пеат.
"60 минути со Соња Исмаил" е емисија која се емитува на Канал 103, секој понеделник од 21-22 ч. Оваа емисија е продолжение на емисијата "Storytelling" која се емитуваше на истото радио 4 години, секоја недела од 18-20 ч. "60 минути со Соња Исмаил" ќе се обиде да го надитри временскиот лимит, и во ексклузивните 60 минути да понуди фина музика и интересни гости.
Sunday, November 28, 2010
Емил Хаџи-Панзов/Tripnotic - гостин во "60 минути со Соња Исмаил" ::: понеделник 29.11.2010
Со исклучително задоволство би сакала да го најавам гостувањето на Емил Хаџи-Панзов-Tripnotic во второто издание на "60 минути со Соња Исмаил" во понеделник 29.11.2010.
Емил Хаџи-Панзов е композитор, продуцент, радиски и клупски диџеј, музички новинар, промотер и сопственик на издавачката куќа Филтер. http://www.myspace.com/tripnoticc
Стриминг во живо на http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u
Подкастот од емисијата ќе биде објавен по завршувањето на истата.
Се слушаме!

Прво издание на "60 минути со Соња Исмаил" ::: понеделник 22.11.2010
Гостин во првото издание на "60 минути со Соња Исмаил" беше Игор Василев - Новоградска. www.myspace.com/novogradska
Subscribe to:
Posts (Atom)