Sunday, December 26, 2010

Гордана Настевска-Манасиевска, гостинка во 6-та епизода на "60 минути со Соња Исмаил"


Во предновогодишното издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 27 декември 2010, од 21-22 ч. гостинка ќе биде Гордана Настевска - Манасиевска. Новинарка во најчитаниот неделник ТЕА модерна и автор на преку 300 интервјуа со импресивни личности од светот на музиката, филмот, литературата... Девојка со исклучително суптилен музички вкус. 




Слушајте во живо на: http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Thursday, December 23, 2010

10 најслушани (најдобри) албуми во 2010/ 10 most listened (best) albums in 2010

  1. kasher bjørke. standing on top of utopia [hfn]
  2. brendan perry. ark [cooking vinyl]
  3. !!!. strange weather, isn’t it? [warp]
  4. mock and toof. tuning echoes [tiny sticks]
  5. four tet. there is love in you [domino]
  6. lcd soundsystem. this is happening [dfa]
  7. jose james. blackmagic [brownswood recording]
  8. tricky. mixed race [domino]
  9. massive attack. heligoland [virgin]
  10. hauschka. foreign landscapes [130701]

Wednesday, December 22, 2010

Sunday, December 19, 2010

5-та епизода на "60 минути со Соња Исмаил" ::: понеделник 20.12.2010

Младалачко издание на "60 минути со Соња Исмаил"! 
Гостин - Ненад Трифуновски. 
Понеделник 20.12.2010 од 21-22 ч. на Канал 103.
Стриминг на http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u
Снимка следува...
Listen up!

Tuesday, December 14, 2010

Снимка од 4-та епизода на "60 минути со Соња Исмаил"

Повелете!
http://soundcloud.com/sonjaismail/60-minuti-so-sonja-ismail-na-kanal-103-13-12-2010

playlist:

1. caribou – jamelia
2. ellen alien – you
3. mock & too – suppress your feelings
4. kasper bjørke – alcatraz
5. josé james – warrior
6. tricky – kingston logic
7. jimmy edgar – in my color
8. lcd soundsystem - pow pow
9. the roots - don't again

Monday, December 13, 2010

Четврта епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103

Ова е тоа време од годината, кога мериме и премеруваме. Правиме листи на најдобри и помалку добри, слушани и најслушани музики за годината што изминува... Четвртата епизода на ексклузивната емисија "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, ќе донесе брз пресек на музичките остварувања во 2010 година. Од нив некои ќе бидат и мои потенцијални фаворити во изборот на најдобар албум за 2010 година, некои од нив воопшто нема да се најдат на таа листа. 
Се слушаме, од 21-22 ч. на Канал 103!
За оние без радио приемник, ова е линкот за стриминг во живо http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u
За оние кои ќе го пропуштат денешното издание, следува снимка.

Tuesday, December 7, 2010

снимка од 60 минути со Јулијана Милутиновиќ

Mission accomplished! Снимка од третото издание на "60 минути со Соња Исмаил" во кое беше гостинка Јулијана Милутиновиќ. Лежерни и фини 60 минути...

20 минути од 60-те минути со Емил Хаџи-Панзов

Иако јас заборавив да го притиснем црвеното копче, некој друг не заборавил :)
Повелете цели 20 минути од разговорот со Емил Хаџи-Панзов, кој гостуваше во второто издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. 
http://soundcloud.com/sonjaismail/20-minuti-so-emil-hadzi-panzov

Monday, December 6, 2010

Јулијана Милутиновиќ во "60 минути со Соња Исмаил" ::: вторник 7 декември 2010 ::: 20-21 ч

Во третото издание на "60 минути со Соња Исмаил" ќе гостува Јулијана Милутиновиќ, радио водител со долгогодишно искуство, dj и девојка која има неверојатно жестока љубовна врска со музиката. Ова издание нема да се емитува во редовниот понеделнички термин, туку ќе се емитува во вторник, 7 декември 2010 година од 20-21 ч. на фрекфенцијата на Канал 103. 
Овој пат нема да заборавам да го вклучам црвеното копче, така што очекувајте снимка.
Можете да не слушате на стариот добар начин со тоа што ќе го вклучите радио приемникот на 103-та фрекфенција или со стриминг во живо на http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u