Monday, December 26, 2011

Снимка од 60 минути со Никола Ристановски

Снимка од 60 минути со Никола Ристановски.
Музика, муабет и happy end и покрај суптилните технички недоследности...
Enjoy!
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-26122011/

Никола Ристановски во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 26.12.2011

Драги пријатели,
На крајот на извонредно динамичната и музички прилично потентна 2011-та, 30 и кусур емисии и дваесетина интересни гости, со задоволство ви закажувам радио рандеву во последното издание на 60 минути.
На мое нескриено задоволство, гостин во последната епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ќе биде Никола Ристановски.
Повелете, во понеделник 26.12.2011, од 21-22 ч. на Канал 103.





Листа на 10 најслушани албуми во 2011-та година на Соња Исмаил


Листа на 10 најслушани албуми во 2011-та година на Соња Исмаил
(60 минути со Соња Исмаил на Канал 103)
1. Gil Scott Heron/Jamie xx – We’re new here [XL, Young Turks]
2. 40 Winks – It’s the trip [Project: Mooncircle]
3. dEUS – Keep you close [Play it again Sam]
4. Aérea Negrot – Arabxilla [BPitch Control]
5. James Blake – James Blake [ATLAS, Polydor]
6. Red Snapper – Key [V2 Records Benelux]
7. Tarwater – Inside the ships [Bureau B]
8. Death in Vegas – Trans Love Energies [Portobello Records Ltd.]
9. Hercules and Love Affair – Blue Songs [Moshi Moshi Records]
10. Rebolledo – Super vato [Cómeme]

Кус пресек на најслушаните албуми од 2011-та година ::: 19.12.2011

playlist:
1. 40 Winks - The Day Breaks
2. Tarwater - Radio War
3. The Field - Burned Out
4. Death In Vegas - Your Loft My Acid
5. Radiohead - Lotus Flower
6. dEUS - 01 Keep You Close
7. James Blake - Limit To Your Love
8. Gil Scott-Heron And Jamie xx - Home
9. Aérea Negrot - It's Lover, Love
10. Hercules And Love Affair - Painted Eyes
11. Azari & III - Manic

Снимка од 60 минути со Сашо Гигов-Гиш ::: 05.12.2011

Снимка од 60 минути со Сашо Гигов-Гиш на Канал 103.
Приказни и музика...
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-05122011/

Tuesday, November 29, 2011

Соло варијанта на "60 минути со Соња Исмаил" ::: понеделник 28.11.2011

‎60 минути екстремно внимателно одбрана музика за вашите фрагилни уши...
playlist:
1. Herzel - Letters from the past
2. John Tejada - Timeless Space
3. The Orb - Batter C Bunny's Munching Orbular Marrow Mix [Thomas Fehlmann]
4. Carsten Jost - Chateau Jalousie
5. Lawrence - The Swan
6. Alien Alien - Black Guru
7. Ilija Rudman - Against The Wall
8. Class B Band - Drain Age
9. Class B Band - Ginkgo Biloba

Tuesday, November 15, 2011

Снимка од 60 минути со Срѓан Јаниќијевиќ на Канал 103

Снимка од 60 минути со Срѓан Јаниќијевиќ на Канал 103.
Муабет и музика во екстремни услови.
Уживајте!
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-14112011/
p.s. Благодарност на Бојан Анастасов за снимката :)

Monday, November 14, 2011

Срѓан Јаниќиевиќ во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 14.11.2011

Почитувани слушатели,
Со радост ви најавувам уште еден интересен соговорник. Гостин во денешното издание ќе биде Срѓан Јаниќиевиќ. Режисер, музичар, автор на шармантни и умни анимирани клипови се само некои од одредниците на кои што ми текнува додека се обидувам поверно да го опишам ликот и делото на Срѓан Јаниќиевиќ. 
Доколку сте љубопитни да чуете нешто повеќе за него, а секако и ако ве интересира каква музика слуша, бидете со нас вечерва, од 21-22 ч. на Канал 103.


online streaming: http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u



Tuesday, November 8, 2011

Снимка од "60 минути со Атанас Ботев" на Канал 103

Драги пријатели,
Еве ја снимката од 60-те минути со Атанас Ботев. Музика во негов избор. 
Меланхолија & IDM. Супер спој!
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-08112011/

Monday, November 7, 2011

Атанас Ботев во "60 минути со Соња Исмаил" ::: понеделник 07.11.2011 ::: 21-22 ч. ::: Канал 103

Драги пријатели,
Со неизмерно задоволство ви го најавувам гостувањето на Атанас Ботев во следната епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на вашето омилено радио Канал 103. 
Атанас Ботев е уметник кој користи и создава наративи кои се моќни и сугестивни, тој раскажува приказни за чие што конзумирање е потребна интензивна дигестија, што со ум, што со стомак.
Во "60 минути", со Ботев ќе слушаме музика, онаа музика која што на него оставила траги, доволно силни за да ги сподели со нас во слободниот етер на Канал 103.
Се слушаме, од 21-22 ч.




Sunday, October 30, 2011

Камка Тоциновски во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 31.10.2011

Драги пријатели,
со задоволство ви го најавувам гостувањето на Камка Тоциновски во следната епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. 
За неупатените, Камка е извонредно талентирана актерка, со одиграни завиден број на улоги што на театарските штици, што на филм. Помеѓу останатото, таа е една од ретките скопјанки со став и стас, а секако и девојка со интересен музички сензибилитет. 
Бидете со нас, во понеделник 31 октомври, од 21-22 ч. на Канал 103.

Monday, October 17, 2011

Снимка од 60 минути со Златко Ориѓански

Златко Ориѓански во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, неповторливо доживување... Приказни и музика

Златко Ориѓански во "60 минути со Соња Исмаил" ::: понеделник 17.10.2011

Почитувани,
со задоволство ви го најавувам гостувањето на Златко Ориѓански во најновото издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
Бидејќи се сомневам дека има неупатени меѓу вас во творештвото на Златко Ориѓански и неговото значење за македонската музика и култура, ќе ја прескокнам увертирата и ќе ве поканам да бидете со нас во понеделник 17 октомври 2011, од 21-22 ч. на Канал 103.
За оние без класичен радио приемник и оние надвор од Скопје, ова е линкот преку кој што ќе можете да ја следите програмата на Интернет.
http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u
Се слушаме!


Monday, September 19, 2011

Снимка од настапот во живо на Ola Dioss & De Dash ::: 19.09.2011

Снимка од извонредниот настап на Ola Dioss & De Dash во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. ФЕ НО МЕ НАЛ НО!
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-ola-dioss-de-dash-19092011/

Ola Dioss во 60 минути со Соња Исмаил ::: понеделник 19.09.2011


Ola Dioss, е алтернативен хип-хоп артист со Британско, Француско и Македонско потекло. Поголемиот дел од времето живее, твори и настапува во Британија, а последниов период е во Скопје, каде што настапува заедно со Bei The Fish, на концертната турнеа за нивниот последен албум 'Just An Idea!?: atto primo', каде што Ola се појавува на неколку песни. Во меѓувреме соработува и со македонските музичари La Colonie Volvox, Canon, N.G.O, и DJ Гоце (SAF) на нивните проекти и перформанси.
Летово беше актуелен и со концертната промоцијата на неговиот последен mixtape Invading the Invaders на кој што соработува со Ненад Тонкин и Огнен Анастасовски од Bei The Fish.
Во “60 минути со Соња Исмаил”, Ola Dioss ќе не почасти со она што најдобро го прави, рецитал во слободен стил!
Се слушаме, од 21-22 ч. на Канал 103! http://www.kanal103.com.mk

Monday, September 5, 2011

Снимка од разговорот со Искра Гешоска

Искра Гешоска во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
Mузика за корнење срце и разговор на тема: "општо за животот, на кратко".
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-05092011/

Искра Гешоска во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 05.09.2011


Драги слушатели,
Со неизмерно задоволство ви го најавувам гостувањето на Искра Гешоска во следната епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. 
Ќе чуеме музика во нејзин избор, а секако ќе се обидеме да ги начнеме и сите оние теми што живот значат.
Бидете на вистинската фрекфенција, во понеделник 05.09.2011, од 21-22 ч. 
http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Monday, August 22, 2011

Снимка од разговорот со Марија Стојанова (БОШ Фестивал)

60 % музика
40 % муабет
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-22082011/

60 минути со Марија Стојанова ::: понеделник 22.08.2011 ::: 21-22 ч.

Драги пријатели,
по летниот распуст, Канал 103 назад на шините!
Во вечерашното издание на 60 минути, гостинка ќе ми биде Марија Стојанова, дел од тимот на БОШ Фестивал (http://www.boshfest.comкој ќе се одржува во Гевгелија од 26-28 август 2011.  
Бидете со нас, од 21-22 ч. на Канал 103!
live streaming: http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Monday, May 30, 2011

Soviet Soviet во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 30.05.2011

Во 25-та епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, со задоволство ви го најавувам гостувањето на Soviet Soviet, енергично италијанско трио од млади момци кои што свират прилично жестока музика, во која на моменти можете да го препознаете влијанието на Joy Division, Wire, Killing Joke, Buzzcocks, Echo & The Bunnymen, The Smiths и New Order, но секако, спакувано на свеж, модерен начин.



Повеќе информации на следниве линкови:
www.myspace.com/sovietsoviet и www.lastfm.it/user/sovietsoviet


По разговорот со Allesandro, Andrea, и Allesandro во "60 минути со Соња Исмаил" следува нивниот концерт во Ла Кања, на кој домашна поддршка ќе им бидат кумановчаните Хипнополис. 
https://www.facebook.com/event.php?eid=156456617754712
Се слушаме/гледаме! 

Monday, May 23, 2011

Greenfields во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 23.05.2011

Во 24-та епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, со задоволство ви го најавувам учеството на Александар Гроздановски и Петар Петковски, артисти од новата музичка издавачка етикета Greenfields. 
Тоа е платформа која опфаќа интернет издаваштво чија цел е промовирање и обединување на артисти од повеќе полиња како музика, графички дизајн, фотографија, видео, илустрација. За Greenfields досега имаат издадено артисти од Финска, Германија, Австрија, Италија и Македонија.
Проверете www.greenfields.mk и слушајте не во понеделник 23.05.2011 од 21-22 ч. на Канал 103
http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Monday, May 9, 2011

Bei The Fish во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 09.05.2011

Bei The Fish, вечерва од 21-22 ч. во 23-та епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
Нема многу да зборуваме, туку заедно со вас, за прв пат, ќе го преслушаме нивниот нов албум "Just an Idea?!" atto primo, од почеток до крај!
Се слушаме, не? http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Saturday, May 7, 2011

Снимка од интервјуто со Горан Таневски на Канал 103 од сабота, 07.05.2011

Снимка од интервјуто со Горан Таневски на Канал 103, направено во рамките на роденденската викенд програма од 07.05.2011 година.
За Канал 103, за Мизар, за музиката која тој ја создава, за македонската независна музичка сцена, за Скопје, за нас...
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/103-07052011/

Снимка од 60 минути со String Forces на Канал 103 од 02.05.2011

Почитувани, 
еве ја снимката од разговорот со String Forces во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 од понеделник 02.05.2011 година.
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-string-forces-02052011/

Monday, May 2, 2011

String Forces, гости во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 02.05.2011 ::: 21-22 ч.

Почитувани,
Со задоволство ви го најавувам гостувањето на String Forces во 22-та епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. 
Повод за нивната посета е 15 годишнината од нивниот прв концертен настап.
Повеќе за растењето на овој состав, музиката која што ги инспирира низ годините, предизвиците и премрежјата, како и за музичката приказна која вешто ја раскажуваат, вечерва, од 21-22 ч. на Канал 103.
Се слушаме!
http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Tuesday, April 26, 2011

21 епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 од 25.04.2011 година

http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-25042011/

playlist:
1. YO LA TENGO - My Heart's Reflection
2. The Sea And Cake - Exact to Me
3. Red Snapper - In Your Backs
4. Red Snapper - Jack
5. Red Snapper - Spikey
6. Red Snapper - Architectronic
7. Red Snapper - Take Your Medicine
8. Red Snapper - Loveboat
9. Red Snapper - Great First Touch
10. Red Snapper - Off Balance
11. XAXAXA - Ova e tvoj grad
12. XAXAXA - Mladite ne se mladi
13. Beograd - Ko si
14. Dobri Isak - Dozvoli mi da ostanem u tvom krevetu

Снимка од "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 од 18.04.2011 година

http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-18042011/

playlist: 

1. Ana Calvi - Susane and I
2. Antony and The Johnsons - Swanlights
3. Arms and Sleepers - Crash
4. Ulrich Schnauss - Monday - Paracetamol
5. Handsome Furs - All We Want, Baby, Is Everything
6. Bomb the Bass - X Ray Eyes feat. Kelley Polar
7. No Age - Glitter
8. XAXAXA - Ova e tvoj grad

Monday, April 18, 2011

20-та епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 18.04.2011 ::: 21-22 ч.

Здраво млади!
Повелете вечерва на 103-от мегахерц, од 21-22 ч. во дваесеттата епизода на "60 минути..." која во голем дел ќе биде посветена на престојниот фестивал Здраво млади! кој ќе се одржи на 22 и 23 април 2011 година во Младинскиот културен центар во Скопје! http://www.zdravomladi.com/

Tuesday, April 12, 2011

Снимка од 60 минути со Соња Исмаил од 11.04.2011 година

Снимка од 60 минути со Соња Исмаил од понеделник 11.04.2011 година. Соло варијанта, слушачко издание...
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-11042011/
playlist:
1. Burial & Four Tet & Thom Yorke - Ego
2. Burial & Four Tet & Thom Yorke - Mirror
3. Nikola Kodjabashia and Foltin feat. Goce Stevkovski - Penelope X
4. Nikola Kodjabashia and Foltin feat. Goce Stevkovski - Whom Do You Belong Now
5. Nikola Kodjabashia and Foltin feat. Goce Stevkovski - Cinderella Man
6. The Kills - DNA
7. The Kills - Damned If She Do
8. The Kills - Wild Charms
9. Metronomy - Everything Goes My Way
10. Metronomy - She Wants
11. Fujiya And Miyagi - Taiwanese Roots
12. Fujiya And Miyagi - Minestrone
13. Talk Talk - I Believe In You

Monday, April 4, 2011

Снимка од 60 минути со DADAJAM ::: 04.04.2011

снимка од кусото интервју со DADAJAM, од понеделник 04.04.2011
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-dadajam-04042011/

DADAJAM во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 04.04.2011

Во 18-то издание на "60 минути со Соња Исмаил", ќе гостува бендот DADAJAM од Берлин, Германија. DADAJAM e четиричлен состав кој негува експериментален и амбиентален звук. Во рамките на нивната мини-европска турнеја, DADAJAM ќе настапат и во Скопје, на 5-ти април, во клубот Ла Кања заедно со A VENUS FLY TRAP од Скопје. Концертот на DADAJAM во Скопје е во организација на Направи Заедно http://www.napravizaedno.com и Канал 103 и е втор промотивен настан на престојниот фестивал Здраво Млади http://www.zdravomladi.com/. Повеќе за нив, вечерва од 21-22 ч. на Канал 103.

Tuesday, March 29, 2011

Снимка од 60 минути со Александар Гроздановски на Канал 103

Снимка од 60 минути со Александар Гроздановски на Канал 103 од 28.03.2011 година.
тагови: Radio / Artist Interview / Fresh / Emotional / We Are Your Friends

http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-28032011/

playlist: 
1. Jay-Jay Johanson - Dilemma
2. Burial & Four Tet & Thom Yorke - Mirror
3. herzel - the ritual of rain and thinking
4. MONOLAKE - OCCAM
5. herzel - herzel - 02 - letters from the past
6. Carl Craig - televised green smoke
7. Olle2000 - GrÅnewald Dogs
8. herzel - herzel - 03 - the ritual
9. Theo Parrish - E1 Soul Control
10. Four Tet - She Moves She
11. herzel - herzel - outer space funk
12. dEUS - Slow 

Sunday, March 27, 2011

Александар Гроздановски во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 28.03.2011 ::: 21-22 ч.

Имам извонредно тешка задача. Да напишам најава за гостувањето на Александар Гроздановски во 17-то издание на мојата нова емисија на Канал 103, "60 минути со Соња Исмаил".
Велам тешка, од причина што Александар Гроздановски е пред се, мој многу искрен и драг пријател веќе со години, па така пишувајќи го ова, се обидувам да не влетам во заводливите води на патетичниот дискурс.
Александар, кој професионално се занимава со фотографија, веќе долго време прави и музика. Убава музика. Некогаш тоа е музика која ве поткрева и разигрува, понекогаш тоа е музика која бесрамно се лепи на вашите меланхолични утра. Неговиот последен музички проект Herzel беше доволно провокативен за издавачката куќа Филтер, која денес официјално го објави ep-то Maps And Thoughts кое содржи 3 песни. На една од песните ќе можете да го слушнете извонредниот вокал на Сашко Костов.
Александар Гроздановски има што да каже, слушајте не!

16-то издание на "60 минути со Соња Исмаил" ::: 14.03.2011

соло варијанта, 80 % музика, 20 % говор.
слушавме:

1. Starfucker - Julius 
2. Starfucker - Mona Vegas 
3. James Blake - Limit To Your Love 
4. James Blake - Give Me My Month 
5. James Blake - To Care (Like You) 
6. Junior Boys - It's all true 
7. TV on the Radio - Will Do 
8. Gil Scott-Heron And Jamie xx - Home 
9. Gil Scott-Heron And Jamie xx - NY Is Killing Me 
10. Gil Scott-Heron And Jamie xx - I'll Take Care Of You 
11. Chicken Lips Presents The Rhythm Odyssey - Get To The Sauce 
12. Chicken Lips Presents The Rhythm Odyssey - Right On Up (For Love) 
13. Peter Richard - Le Planete Nous Regarde 

Sunday, March 13, 2011

Снимка од 60 минути со Ади Имери на Канал 103

За оние кои што ја пропуштија и за оние кои би сакале да си повторат, повелете снимка од 60 минути со Ади Имери на Канал 103 http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-07032011/
playlist:
1. The Who - Baba O' Riley 
2. Scott Walker - Cossacks Are 
3. King Crimson - The Great Deceiver 
4. Kaki King - Frame 
5. Ulver - Your Call 
6. Jaga Jazzist - Going Down 
7. David Bowie - A Small Plot Of Land 
8. Vangelis - One More Kiss, Dear
9. Egberto Gismonti - Frevo 
10. Adi - The Altair of all maybes 
11. Cave In - Stained Silver 
12. Eyvind Kang - Sweetness of candy 
13. Ma Bel

Monday, March 7, 2011

Ади Имери, гостин во "60 минути со Соња Исмаил" ::: понеделник 07.03.2011 ::: 21-22 ч.

Во 15-то издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, со задоволство ви го најавувам гостувањето на Ади Имери. Овој млад гитарист и композитор е активен член на повеќе музички состави: Јаболко за Даскалот, String Forces, Bill Skins Fifth, Next to Silence Quartet, Zdeev, The Lady said NO, DeirZor, Necrotesticvs, и др.
Повод за неговото гостување, меѓу другото е и промоцијата на неговиот албум "Јас навивам за којотот", која треба да се случи во сабота 12 март, во Ла Кања. 
Слушајте не во понеделник 7 март, од 21-22 ч. на Канал 103!
http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Monday, February 28, 2011

Снимка од 60 минути со Девојка на Канал 103

tags: radio show/mixtape/love in slow motion/talking about past/talking about future
playlist: 
1. Chromatics - In The City
2. David Bowie - Wild Is the Wind
3. Bat For Lashes - What's A Girl To Do?
4. Devojka - High Tide
5. Broadcast - Ominous Cloud
6. Devojka - I tremble for you
7. The Zombies - Going Out of My Head
8. Belle & Sebastian - Lazy Line Painter Jane
9. The Knife - You Make Me Like Charity
10. Animal Collective - For Reverend Green
11. Jenny Lewis with the Watson Twins - Born Secular
12. The New Pornographers - Streets Of Fire
13. Wolf Parade - I'll Believe In Anything

Friday, February 25, 2011

Девојка во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 28.02.2011 ::: 21-22 ч.

Во 14-то издание на 60 минути со Соња Исмаил, со задоволство ви го најавувам гостувањето на Билјана Мирковски, или Девојка, како што гласи името на музичкиот проект на оваа извонредно шармантна девојка со ѕвонлив глас за која некогаш не сте сигурни дали ви шепоти или пее.
Во оваа прилика таа нема да пее, туку ќе ја пушта музиката која што и се допаѓа и инспирира.
Повеќе за Девојка во понеделник, 28.02.2011 од 21-22 ч. во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.

Tuesday, February 22, 2011

13-та епизода на 60 минути со Соња Исмаил ::: понеделник 21.02.2011

playlist:
1. Junior Boys - Teach Me How to Fight
2. Radiohead - Morning Mr Magpie
3. Radiohead - Little By Little
4. Radiohead - Lotus Flower 
5. Radiohead - Separator
6. Radiohead - Codex
7. Moby - Victoria Lucas
8. Moby - Be The One
9. Creep - Days
10. Creep - Days (Azari & III Remix)

Tuesday, February 15, 2011

Снимка од 60 минути со Горан Путица на Канал 103

За оние што ја пропуштија мега ексклузивната епизода на 60 минути со Горан Путица, а и за оние кои што сакаат да си го потврдат материјалот, повелете снимка.
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-14022011/ 
tags: radio show/multigenre/music/true/love 
слушавме:
1. Deerhoof - Let's Dance the Jet
2. Bat For Lashes - Glass
3. Anna Calvi - No More Words
4. Swans - My Birth
5. Genesis P-Orridge & Astrid Monroe - The Final Puzzle
6. PJ Harvey - The Glorious Land
7. Grizzly Bear - Ready, Able
8. Einsturzende Neubauten - Magyar Energia
9. Alan Vega - Kung Foo Cowboy
10. Arcade Fire - Empty Room
11. Grinderman - Evil
12. The Big Pink - Velvet
13. Fleet Foxes - Blue Ridge Mountains
14. Moondog - Dog Trot
15. Tuxedomoon - You (Christmas Mix)
16. LCD Soundsystem - Big Ideas 
enjoy!

Sunday, February 13, 2011

Горан Путица, гостин во 12-та епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103

Почитувани,
со неизмерно задоволство ви закажувам уште една, 12-та по ред звучна средба на Канал 103 во понеделник 14.02.2011 од 21-21 ч. Гостин во оваа епизода на 60 минути со Соња Исмаил, ќе биде Горан Путица, еден од татковците на Канал 103 и човек за кој верувам дека не се потребни спектакуларни, екстензивни најави.
Повелете во понеделник 14.02.2011 од 21-22 ч. на Канал 103.

Monday, February 7, 2011

11 епизода на "60 минути со Соња Исмаил"

11 епизода на 60 минути со Соња Исмаил од 07.02.2011
тагови: соло варијанта, фина музика...
playlist:

1. Charlotte Gainsbourg - Heaven Can Wait
2. The Kills - Satellite 
3. Metronomy - She Wants 
4. GusGus - Starlovers 
5. Hercules And Love Affair - Leonora 
6. Bloodgroup - My Arms 
7. Oko - Can't You See 
8. Plugs - That Number 
9. The Glass - Michael Mcdonald 
10. Hercules And Love Affair - Painted Eyes 
11. LCD Soundsystem - Home 

Sunday, January 23, 2011

Васко Нетковски, гостин во 10-та епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103

Во 10-та епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, ќе гостува Васко Нетковски.
За себе скромно вели дека "сака се' што сакаат младите, party animal, вечити тинејџер, сељак од центар, носи adidas бр. 44 2/3, поборник за блуд и разврат... и така..."
Покрај ова, станува збор за извонредно духовито момче кое што има (една) сериозна врска - со музиката!
Бидете со нас, во понеделник 24.01.2011 од 21-22 ч. на Канал 103.
Слушајте не во живо на http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u или   чекајте снимка.

Monday, January 17, 2011

Деветта епизода на 60 минути со Соња Исмаил

Деветта епизода на 60 минути со Соња Исмаил од понеделник 17 јануари 2010.
Овој пат 45 минутно ексклузивно издание.
Соло варијанта. 
Свежа музика.
Повелете снимка:
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-17012010/
и плејлиста:
1. Fujiya And Miyagi - Taiwanese Roots 
2. Fujiya And Miyagi - Yoyo 
3. Fujiya And Miyagi - Cat got your tongue 
4. Herzel feat. Sasko Kostov - The ritual of rain and thinking 
5. Dirty Cat - In The Village 
6. Dirty Cat - Sunburn 
7. Discodeine - Synchronize 
8. Discodeine - D-A (feat. Baxter Dury) 
9. Discodeine - Singular 
10. Holy Ghost! - Do It Again 

Избор на најдобри македонски остварувања во 2010 година според Соња Исмаил

албуми:
  1. Bernays Propaganda - My Personal Holiday
  2. Duke B. - New York AM
  3. PMG Kolektiv - Да4
  4. Легијата - Деценија
  5. Bei The Fish - Брод за кукли
  6. Новоградска - Мајки ОСТ
  7. Aleksandar Pejovski - Hommage to the Teachers
  8. Nicotine – Nicotine
  9. Canon - Глобално засмејување
  10. Фонија - Petar Pan Sindrome

песни: 
  1. Bernays Propaganda - Ovoj den da pomine
  2. Duke B. feat. Bernays Propaganda - Fakt
  3. Bei The Fish - When he was young
  4. Herzel feat. Sasko Kostov - Ritual of rain and thinking
  5. PMG Kolektiv - Луѓе од градови
  6. Nicotine – Serious
  7. Devojka – High Tide
  8. Fonija - Adam i Eva
  9. Fighting Windmills - kako be paulo kueljo?!
  10. Blla blla blla – E keqja keq me la