Monday, September 19, 2011

Снимка од настапот во живо на Ola Dioss & De Dash ::: 19.09.2011

Снимка од извонредниот настап на Ola Dioss & De Dash во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. ФЕ НО МЕ НАЛ НО!
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-ola-dioss-de-dash-19092011/

Ola Dioss во 60 минути со Соња Исмаил ::: понеделник 19.09.2011


Ola Dioss, е алтернативен хип-хоп артист со Британско, Француско и Македонско потекло. Поголемиот дел од времето живее, твори и настапува во Британија, а последниов период е во Скопје, каде што настапува заедно со Bei The Fish, на концертната турнеа за нивниот последен албум 'Just An Idea!?: atto primo', каде што Ola се појавува на неколку песни. Во меѓувреме соработува и со македонските музичари La Colonie Volvox, Canon, N.G.O, и DJ Гоце (SAF) на нивните проекти и перформанси.
Летово беше актуелен и со концертната промоцијата на неговиот последен mixtape Invading the Invaders на кој што соработува со Ненад Тонкин и Огнен Анастасовски од Bei The Fish.
Во “60 минути со Соња Исмаил”, Ola Dioss ќе не почасти со она што најдобро го прави, рецитал во слободен стил!
Се слушаме, од 21-22 ч. на Канал 103! http://www.kanal103.com.mk

Monday, September 5, 2011

Снимка од разговорот со Искра Гешоска

Искра Гешоска во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
Mузика за корнење срце и разговор на тема: "општо за животот, на кратко".
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-05092011/

Искра Гешоска во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 05.09.2011


Драги слушатели,
Со неизмерно задоволство ви го најавувам гостувањето на Искра Гешоска во следната епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. 
Ќе чуеме музика во нејзин избор, а секако ќе се обидеме да ги начнеме и сите оние теми што живот значат.
Бидете на вистинската фрекфенција, во понеделник 05.09.2011, од 21-22 ч. 
http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u