Sunday, October 30, 2011

Камка Тоциновски во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 31.10.2011

Драги пријатели,
со задоволство ви го најавувам гостувањето на Камка Тоциновски во следната епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. 
За неупатените, Камка е извонредно талентирана актерка, со одиграни завиден број на улоги што на театарските штици, што на филм. Помеѓу останатото, таа е една од ретките скопјанки со став и стас, а секако и девојка со интересен музички сензибилитет. 
Бидете со нас, во понеделник 31 октомври, од 21-22 ч. на Канал 103.

Monday, October 17, 2011

Снимка од 60 минути со Златко Ориѓански

Златко Ориѓански во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, неповторливо доживување... Приказни и музика

Златко Ориѓански во "60 минути со Соња Исмаил" ::: понеделник 17.10.2011

Почитувани,
со задоволство ви го најавувам гостувањето на Златко Ориѓански во најновото издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
Бидејќи се сомневам дека има неупатени меѓу вас во творештвото на Златко Ориѓански и неговото значење за македонската музика и култура, ќе ја прескокнам увертирата и ќе ве поканам да бидете со нас во понеделник 17 октомври 2011, од 21-22 ч. на Канал 103.
За оние без класичен радио приемник и оние надвор од Скопје, ова е линкот преку кој што ќе можете да ја следите програмата на Интернет.
http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u
Се слушаме!