Sunday, November 25, 2012

Снимка од разговорот со СИЗ

Снимка од разговорот со Ивица Димитријевиќ и Филип Станчевски од бендот СИЗ (Самоуправна Интересна Заедница) од последната епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-siz-103-19112012/

Monday, November 19, 2012

СИЗ во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 19.11.2012

Драги пријатели и слушатели, 
Со извонредна радост ви го најавувам гостувањето на Ивица Димитријевиќ и Филип Станчевски од бендот СИЗ (Самоуправна Интересна Заедница) во новата епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
СИЗ е прилично млад бенд кој доаѓа од Куманово. За нецела година, веќе имаат багаж како сериозен бенд со повеќегодишен стаж. Имаа одлична европска турнеја со ХаХаХа и го издадоа нивниот прв албум Responsibility за издавачката куќа Направи Заедно.
Вечер со Ивица и Филип ќе разговараме за музиката што ја создаваат, но ќе чуеме и дел од музиката која што ги инспирира и го бои нивното секојдневие. Не пропуштајте, овие момци рокаат! Се слушаме вечер, понеделник 19.11.2012, од 21-22 ч. на Канал 103.
Оnline streaming: http://radiostream.neotel.mk:8000/kanal103.m3u http://radiostream.neotel.mk/kanal103 

Monday, November 5, 2012

Реприза на радиодрамата „Пеперутка“ во „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103 ::: понеделник 05.11.2012 ::: 21-22 ч.

Почитувани, задоволство ми е да ви најавам дека во вечерашното издание на „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103, ќе биде репризирана радиодрамата „Пеперутка“, која својата премиера ја имаше вчера на Радио МОФ. „Пеперутка“ е авторски текст на Сашо Димовски а е во продукција на независниот театар „Театра“. Оваа лирска драма во два дела, поделена на шест пеења ја читаат Васил Зафирчев и Марија Зафирова, врз авторска музика на Тања Рибарска, која е и режисер на звучната слика. „Пеперутка“ е прва од циклусот радиодрами со кои независниот театар „Театра“ ќе ја започне својата нова сезона и ќе го промовира проектот „Секаде театар!“. Идејата на самиот проект е преку текстови на млади и нови автори да се реафирмира радиодрамата како жанр, а воедно и да се излезе од конвенционалните рамки на театарот и да се влезе во домовите на неговите љубители. 
Во вечерашното издание на  „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103, ќе имате прилика да го проследите разговорот со авторот на „Пеперутка“, Сашо Димовски, како и со Марија Зафирова и Васил Зафирчев. Радио драмата е во траење од 18 минути.   
Се слушаме од 21-22 ч. на Канал 103. Стриминг во живо тука или тука.