Sunday, April 29, 2012

Да Џака Накот во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 30.05.2012 ::: 21-22 ч.

Почитувани, 
со неизмерно задоволство ви го најавувам гостувањето на Да Џака Накот во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 30-ти мај, од 21-22 ч.
Повод за оваа радио дружба е издавањето на пакет од 10, токму така, десет албуми со наслов Божјиот прототип, кој ќе се состои од два дискови, еден во аудио формат на кој е впишан новиот материјал, додека на вториот диск во mp3 формат ќе ја има колекцијата од претходните изданија.
Ова делукс издание ќе содржи буклет со текстовите и бонус ЦД насловено "Се' под рајот" во кое се наоѓаат претходните изданија на Да Џака Накот како "Неопходно зло", "Нема повеќе тајни", "Биомеханика", "Прирачник за модерна војна"... но и многу други необјавени и ретки песни во кои што е инволвирана целата македонска хип хоп сцена од Легијата, Темната страна, па се' до Единствена опција. Новиот материјал на Да Џака Накот содржи 15 нови песни снимени во Шурикен Рекордс и Bootlegz Bassement ent. во периодот од 2010-2012 година и е во целост продуциран од Да Џака Накот и легендата на македонскиот хип хоп DJ Гоце од С.А.Ф. Како гости на албумот се појавуваат Страјк и српските хип хоп изведувачи Дон Дада и Б'вана
Во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ќе имате прилика за прв пат да чуете некои нови песни од лабораторијата на Џака и секако, многу повеќе детали за создавањето на ова издание.
Бидете со нас, во понеделник 30-ти мај, од 21-22 ч. на Канал 103.
Стриминг во живо на http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Wednesday, April 18, 2012

Снимка од 83 минути со Сашко Костов на Канал 103

Снимка од разговорот со Сашко Костов и премиерно преслушување на неговиот нов албум Silent in the Crowd, во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
Тагови: љубов, музика, смеење, сакање, радио...
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-103-16042012/

Monday, April 16, 2012

Премиерно преслушување на албумот Silent in the Crowd, на Сашко Костов ::: понеделник 16.04.2012 ::: 21-22 ч. на Канал 103

Почитувани, 
со нескриено задоволство ви го најавувам премиерното преслушување на албумот Silent in the Crowd, на Сашко Костов во вечерашното издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
Во емисијата гостин ќе биде и Сашко Костов, со кој ќе поразговараме за работата и процесот на создавање на ова, за него второ долгосвиречко музичко остварување на кое работеше заедно со неговиот бенд The Waiting Waits (Славчо Пеев, Оливер Тевчев, Игор Лефтеров), а исто така има и многу гости како Антоние Аранѓеловиќ, Техамана Скендеревска, Сеад Хаџиќ, Серафедин Куртов, Игор Иванов и Антоан Курт.
Бидете со нас, од 21-22 ч. на брановите на Канал 103.
Online streaming: http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u