Снимка од гостувањето на Ана Костовска во „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103 од понеделник 26.08.2013 од 21-22 ч. За Бастион, за театарот, за музиката, за градовите... http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D1%83%D1%82%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB-103-26082013/
"60 минути со Соња Исмаил" е емисија која се емитува на Канал 103, секој понеделник од 21-22 ч. Оваа емисија е продолжение на емисијата "Storytelling" која се емитуваше на истото радио 4 години, секоја недела од 18-20 ч. "60 минути со Соња Исмаил" ќе се обиде да го надитри временскиот лимит, и во ексклузивните 60 минути да понуди фина музика и интересни гости.
Wednesday, August 28, 2013
Monday, August 26, 2013
Ана Костовска во „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103 ::: понеделник 26.08.2013 ::: 21-22 ч.
Со нескриено задоволство ви го најавувам гостувањето на Ана Костовска во „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103 во понеделник 26.08.2013 од 21-22 ч.
Некои од вас Ана Костовска ја знаат како актерка, некои ја знаат од култните Бастион, некои азбуката ја научија токму со нејзина помош, преку неповторливата серија за деца Бушава азбука, во која што Ана ги пееше заразните сонгови за буквите од македонската азбука, придружувана од Влатко Стефановски и Бодан Арсовски.
Не сме договорени за што ќе зборуваме. Но ќе слушаме музика, тоа е сигурно.
Бидете со нас во понеделник 26.08.2013 од 21-22 ч. на Канал 103.
Стриминг во живо на http://radiostream.neotel.mk:8000/kanal103.m3u или http://radio.spodeli.org/103?play.
Subscribe to:
Posts (Atom)