Снимка од 60 минути со DJ Димитри од Чаир/Пикисипи на Канал 103.
Enjoy!
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-dj-27022012/
"60 минути со Соња Исмаил" е емисија која се емитува на Канал 103, секој понеделник од 21-22 ч. Оваа емисија е продолжение на емисијата "Storytelling" која се емитуваше на истото радио 4 години, секоја недела од 18-20 ч. "60 минути со Соња Исмаил" ќе се обиде да го надитри временскиот лимит, и во ексклузивните 60 минути да понуди фина музика и интересни гости.
Во најновото издание на 60 минути со Соња Исмаил на Канал 103, ќе можете да го проследите разговорот со Славчо Димитров и Улф Петерсон по повод изложбата Член 1 и Музеј Нестрејт, која се отвора во Скопје во среда 22 февруари во Чифте Амам (Национална галерија на Македонија). Член први е патувачка ЛГБТ изложба на некои од најеминентните музеи во Шведска, и нуди преглед на историскиот и современиот живот на ЛГБТ-лицата, првично поставена во Стокхолм за време на Европрајд, во летото 2008 година. Откако беше поставена на Балтик прајд во Рига, во Белград и Сараево, изложбата доаѓа и во Скопје.