Sunday, October 30, 2011

Камка Тоциновски во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 31.10.2011

Драги пријатели,
со задоволство ви го најавувам гостувањето на Камка Тоциновски во следната епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. 
За неупатените, Камка е извонредно талентирана актерка, со одиграни завиден број на улоги што на театарските штици, што на филм. Помеѓу останатото, таа е една од ретките скопјанки со став и стас, а секако и девојка со интересен музички сензибилитет. 
Бидете со нас, во понеделник 31 октомври, од 21-22 ч. на Канал 103.

Monday, October 17, 2011

Снимка од 60 минути со Златко Ориѓански

Златко Ориѓански во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, неповторливо доживување... Приказни и музика

Златко Ориѓански во "60 минути со Соња Исмаил" ::: понеделник 17.10.2011

Почитувани,
со задоволство ви го најавувам гостувањето на Златко Ориѓански во најновото издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
Бидејќи се сомневам дека има неупатени меѓу вас во творештвото на Златко Ориѓански и неговото значење за македонската музика и култура, ќе ја прескокнам увертирата и ќе ве поканам да бидете со нас во понеделник 17 октомври 2011, од 21-22 ч. на Канал 103.
За оние без класичен радио приемник и оние надвор од Скопје, ова е линкот преку кој што ќе можете да ја следите програмата на Интернет.
http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u
Се слушаме!


Monday, September 19, 2011

Снимка од настапот во живо на Ola Dioss & De Dash ::: 19.09.2011

Снимка од извонредниот настап на Ola Dioss & De Dash во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. ФЕ НО МЕ НАЛ НО!
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-ola-dioss-de-dash-19092011/

Ola Dioss во 60 минути со Соња Исмаил ::: понеделник 19.09.2011


Ola Dioss, е алтернативен хип-хоп артист со Британско, Француско и Македонско потекло. Поголемиот дел од времето живее, твори и настапува во Британија, а последниов период е во Скопје, каде што настапува заедно со Bei The Fish, на концертната турнеа за нивниот последен албум 'Just An Idea!?: atto primo', каде што Ola се појавува на неколку песни. Во меѓувреме соработува и со македонските музичари La Colonie Volvox, Canon, N.G.O, и DJ Гоце (SAF) на нивните проекти и перформанси.
Летово беше актуелен и со концертната промоцијата на неговиот последен mixtape Invading the Invaders на кој што соработува со Ненад Тонкин и Огнен Анастасовски од Bei The Fish.
Во “60 минути со Соња Исмаил”, Ola Dioss ќе не почасти со она што најдобро го прави, рецитал во слободен стил!
Се слушаме, од 21-22 ч. на Канал 103! http://www.kanal103.com.mk

Monday, September 5, 2011

Снимка од разговорот со Искра Гешоска

Искра Гешоска во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
Mузика за корнење срце и разговор на тема: "општо за животот, на кратко".
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-05092011/

Искра Гешоска во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 05.09.2011


Драги слушатели,
Со неизмерно задоволство ви го најавувам гостувањето на Искра Гешоска во следната епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. 
Ќе чуеме музика во нејзин избор, а секако ќе се обидеме да ги начнеме и сите оние теми што живот значат.
Бидете на вистинската фрекфенција, во понеделник 05.09.2011, од 21-22 ч. 
http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Monday, August 22, 2011

Снимка од разговорот со Марија Стојанова (БОШ Фестивал)

60 % музика
40 % муабет
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-22082011/

60 минути со Марија Стојанова ::: понеделник 22.08.2011 ::: 21-22 ч.

Драги пријатели,
по летниот распуст, Канал 103 назад на шините!
Во вечерашното издание на 60 минути, гостинка ќе ми биде Марија Стојанова, дел од тимот на БОШ Фестивал (http://www.boshfest.comкој ќе се одржува во Гевгелија од 26-28 август 2011.  
Бидете со нас, од 21-22 ч. на Канал 103!
live streaming: http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u