Sunday, June 3, 2012

Herzel & Genoveva со настап во живо во 60 минути со Соња Исмаил на Канал 103 ::: понеделник 04.06.2012 ::: 21-22 ч.

Почитувани,
Со неизмерна радост ви го најавувам настапот во живо на Herzel & Genoveva, во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 04.06.2012 од 21-22 ч.
Genoveva e уникатна вокалистка и продуцент од Скопје, која соработува со македонски и странски артисти кои создаваат електронска музика.
Herzel e проект на Александар Гроздановски, роден во Битола, школуван како академски фотограф во Софија, кој во моментов живее и работи во Скопје. Herzel е природен след на многу години активно слушање, пуштање и создавање музика. EP трилогијата "Maps and Thoughts" на Herzel беше издадена од македонскиот издавач Filter Label во 2011 година. Во 2012 следуваа уште едно EP за Greenfields (net label од Македонија), a најсвежи се изданијата за издавачките куќи Other Heights (Белгија) и Dubwax (Германија). 
По неколкуте настапи во април во Берлин, Herzel и Genoveva за прв пат настапија во Скопје во клубот Капан ан во рамките на Argumento вечерите.
Музиката на Herzel и Genoveva е carte blanche за нивната извонредно емотивна, искрена, пулсирачка и нова планета.
Бидете со нас, во понеделник 04.06.2012, од 21-22 ч. на Канал 103.
Стриминг во живо на http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u или http://radio.bittshare.org/?mount=%2F103.ogg 

Monday, May 14, 2012

Снимка од 60 минути со Хипнополис на Канал 103

Снимка од гостувањето на Небојша Тодоровски и Зоран Зафировски од кумановскиот бенд Хипнополис во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. Разговор и премиерно преслушување на нивниот надоаѓачки деби албум. Уживајте!
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-07052012/

Tuesday, May 1, 2012

Снимка од 60 минути со Да Џака Накот на Канал 103


Снимка од 60 минути со Да Џака Накот на Канал 103. 
Музика, муабет и смеење. 
Чујте и почујте. Џака у куќа.
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-30042012/

Sunday, April 29, 2012

Да Џака Накот во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 30.05.2012 ::: 21-22 ч.

Почитувани, 
со неизмерно задоволство ви го најавувам гостувањето на Да Џака Накот во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 30-ти мај, од 21-22 ч.
Повод за оваа радио дружба е издавањето на пакет од 10, токму така, десет албуми со наслов Божјиот прототип, кој ќе се состои од два дискови, еден во аудио формат на кој е впишан новиот материјал, додека на вториот диск во mp3 формат ќе ја има колекцијата од претходните изданија.
Ова делукс издание ќе содржи буклет со текстовите и бонус ЦД насловено "Се' под рајот" во кое се наоѓаат претходните изданија на Да Џака Накот како "Неопходно зло", "Нема повеќе тајни", "Биомеханика", "Прирачник за модерна војна"... но и многу други необјавени и ретки песни во кои што е инволвирана целата македонска хип хоп сцена од Легијата, Темната страна, па се' до Единствена опција. Новиот материјал на Да Џака Накот содржи 15 нови песни снимени во Шурикен Рекордс и Bootlegz Bassement ent. во периодот од 2010-2012 година и е во целост продуциран од Да Џака Накот и легендата на македонскиот хип хоп DJ Гоце од С.А.Ф. Како гости на албумот се појавуваат Страјк и српските хип хоп изведувачи Дон Дада и Б'вана
Во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ќе имате прилика за прв пат да чуете некои нови песни од лабораторијата на Џака и секако, многу повеќе детали за создавањето на ова издание.
Бидете со нас, во понеделник 30-ти мај, од 21-22 ч. на Канал 103.
Стриминг во живо на http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Wednesday, April 18, 2012

Снимка од 83 минути со Сашко Костов на Канал 103

Снимка од разговорот со Сашко Костов и премиерно преслушување на неговиот нов албум Silent in the Crowd, во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
Тагови: љубов, музика, смеење, сакање, радио...
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-103-16042012/

Monday, April 16, 2012

Премиерно преслушување на албумот Silent in the Crowd, на Сашко Костов ::: понеделник 16.04.2012 ::: 21-22 ч. на Канал 103

Почитувани, 
со нескриено задоволство ви го најавувам премиерното преслушување на албумот Silent in the Crowd, на Сашко Костов во вечерашното издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
Во емисијата гостин ќе биде и Сашко Костов, со кој ќе поразговараме за работата и процесот на создавање на ова, за него второ долгосвиречко музичко остварување на кое работеше заедно со неговиот бенд The Waiting Waits (Славчо Пеев, Оливер Тевчев, Игор Лефтеров), а исто така има и многу гости како Антоние Аранѓеловиќ, Техамана Скендеревска, Сеад Хаџиќ, Серафедин Куртов, Игор Иванов и Антоан Курт.
Бидете со нас, од 21-22 ч. на брановите на Канал 103.
Online streaming: http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u 

Wednesday, March 28, 2012

Снимка од 60 минути со Kimiko на Канал 103

Разговот со Kimiko од Загреб во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. Прескокнете ги првите 15 минути бидејќи имавме технички проблеми кои не успеавме да ги надминеме, а потоа уживајте во преостанатото време :)

Monday, March 26, 2012

Kimiko во 60 минути со Соња Исмаил на Канал 103 ::: понеделник 26.03.2012 ::: 21-22 ч.

Kimiko е бенд од Загреб, Хрватска, кој веќе подолго време функционира на локалната сцена со променлив лајн-ап и музички стилови. Почнувајќи од четворочлен брит-поп состав па сè до шесточлена нојз машина, конечно се смирија како електро-поп дуо, кое го сочинуваат Lora Šuljić и Zoran Pleško. Станаа познати, свирејќи на локалните фестивали, како EXIT, Žedno Uho и VUM, а ја освоија и наградата MegaMuzika за најдобар нов настап во Хрватска во 2008 година.
По настапот во живо во рамките на емисијата Ако никој не свири на Канал 103, а пред концертот кој што ќе го имаат за скопската публика во среда во Ла Кања, во понеделник Kimiko со интервју во 60 минути со Соња Исмаил на Канал 103.
Слушајте не, од 21-22 ч. на Канал 103.
Стриминг во живо на http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Monday, March 12, 2012

Ана Јовковска во 60 минути на Канал 103 ::: понеделник 12.03.2012 ::: 21-22 ч.

Драги слушатели,
Во најновата епизода на "60 минути со Соња Исмаил", повторно имам драга гостинка.
Ана Јовковска е новинарка, која со својата емисија Пулс, веќе неколку години внесува светлина во извонредно контаминираниот медиумски простор во Македонија.
Со Ана ќе поразговараме за последните непријатни случувања, напливот на национализам, говор на омраза, одговорноста на медиумите, но и за можноста и желбата да се живее заедно, да се надминат тензиите и да се понуди еден поинаков концепт за заеднички живот во општество подеднакво добро за сите негови граѓани.
Бидете со нас од 21-22 ч. на Канал 103.
Можете да не слушате на вашите радио приемници или на стриминг наhttp://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u