Monday, November 19, 2012

СИЗ во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 19.11.2012

Драги пријатели и слушатели, 
Со извонредна радост ви го најавувам гостувањето на Ивица Димитријевиќ и Филип Станчевски од бендот СИЗ (Самоуправна Интересна Заедница) во новата епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.
СИЗ е прилично млад бенд кој доаѓа од Куманово. За нецела година, веќе имаат багаж како сериозен бенд со повеќегодишен стаж. Имаа одлична европска турнеја со ХаХаХа и го издадоа нивниот прв албум Responsibility за издавачката куќа Направи Заедно.
Вечер со Ивица и Филип ќе разговараме за музиката што ја создаваат, но ќе чуеме и дел од музиката која што ги инспирира и го бои нивното секојдневие. Не пропуштајте, овие момци рокаат! Се слушаме вечер, понеделник 19.11.2012, од 21-22 ч. на Канал 103.
Оnline streaming: http://radiostream.neotel.mk:8000/kanal103.m3u http://radiostream.neotel.mk/kanal103 

Monday, November 5, 2012

Реприза на радиодрамата „Пеперутка“ во „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103 ::: понеделник 05.11.2012 ::: 21-22 ч.

Почитувани, задоволство ми е да ви најавам дека во вечерашното издание на „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103, ќе биде репризирана радиодрамата „Пеперутка“, која својата премиера ја имаше вчера на Радио МОФ. „Пеперутка“ е авторски текст на Сашо Димовски а е во продукција на независниот театар „Театра“. Оваа лирска драма во два дела, поделена на шест пеења ја читаат Васил Зафирчев и Марија Зафирова, врз авторска музика на Тања Рибарска, која е и режисер на звучната слика. „Пеперутка“ е прва од циклусот радиодрами со кои независниот театар „Театра“ ќе ја започне својата нова сезона и ќе го промовира проектот „Секаде театар!“. Идејата на самиот проект е преку текстови на млади и нови автори да се реафирмира радиодрамата како жанр, а воедно и да се излезе од конвенционалните рамки на театарот и да се влезе во домовите на неговите љубители. 
Во вечерашното издание на  „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103, ќе имате прилика да го проследите разговорот со авторот на „Пеперутка“, Сашо Димовски, како и со Марија Зафирова и Васил Зафирчев. Радио драмата е во траење од 18 минути.   
Се слушаме од 21-22 ч. на Канал 103. Стриминг во живо тука или тука.

Wednesday, October 24, 2012

Поддршка за движењето АМАН

Во знак на поддршка за движењето АМАН, го поставувам следниов банер во мојот блогрол. Сторете го и вие истото ако сметате дека поскапувањата што се под контрола на државата се неоправдани и треба да се развијат и спроведуваат транспарентни и отчетни механизми за добро владеење. Линкот на банерот е препорачливо да води кон настанот на Фејсбук, а повеќе информации за движењето има на нивниот блог Граѓанска иницијатива АМАН и на твитер преку хаштагот #АМАН.

via Развигор 

Tuesday, October 9, 2012

Снимка од радио драмата од поезија

Почитувани,
На овој линк можете да ја слушнете снимката од радио драмата од поезија "Ноќта кога требаше да се има секс", која што беше изведена во живо во понеделник 8-ми октомври, во рамките на емисијата "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103.  http://www.mixcloud.com/sonjaismail/08102012/

Monday, October 8, 2012

Радио драма од поезија во живо! понеделник 08.10.2012 ::: 21-22 ч.

Драги пријатели,
Со нескриена возбуда би сакала да ви најавам дека за прв пат, во емисијата "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 08.10.2012 :од 21-22 ч. ќе биде изведена радио драма од поезија во живо.
-Ноќта кога требаше да се има секс-
радио драма од поезија

8 луѓе, како и секој викенд пред и секој потоа одат во истиот клуб со една единствена мисла - вечерта да имаат секс. Дали ова ќе биде нивната среќна ноќ?


Aвтори на текстот:
Nixter
Хемеја
Димитар Соле Љубин
Миро Славски
Сања Бежовска
Александар Василиј Станојков
Ема Радончич
Владимир Муратовски

Улоги:
Маца
Александар Пешевски
Соња Исмаил
Миро Славски
Сандра Јакасановска
Александар Василиј Станојков
Хемеја
Nixter

Техничка подршка:
Александар Сандревски

Слушајте не, во понеделник 08.10.2012 :од 21-22 ч. на Канал 103. Стриминг линк за следење на програмата на Канал 103 http://radio.spodeli.org/103?play


Monday, September 24, 2012

Јован Петрушевски во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 24.09.2012 ::: 21-22 ч.

Почитувани слушатели,
Со задоволство ви го најавувам гостувањето на Jован Петрушевски во вечерашното издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. Поводот за разговорот е неговата втора самостојна изложба на графики и цртежи која ќе биде отворена во среда 26-ти септември, во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје.
Јован Петрушевски е роден во Скопје, 1985 година. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности (2007 - 2011) во графичкиот оддел во класата на Зоран Јакимовски со модул графички дизајн. Досега има остварено две самостојни изложби и има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и САД. Живее во Скопје и работи како графички дизајнер.
Ве поканувам да бидете со нас во редовниот термин, од 21-22 ч. на Канал 103. За оние без радио приемник, ова е линкот: http://radio.spodeli.org/103?play

Sunday, September 16, 2012

Снимка од разговорот со Самоил Радински

Снимка од разговорот со Самоил Радински во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, од понеделник 10.09.2012 год. и преслушување на неговиот нов албум "Soul galaxy", кој е објавен за неговата издавачка куќа Логос рекордингс. http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-103-10092012/

Monday, September 10, 2012

Самоил Радински во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103




Почитувани,
Со задоволство ви го најавувам гостувањето на Самоил Радински во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 10.09.2012 од 21-22 ч. Повод за оваа радио дружба е промоцијата на неговиот нов албум "Soul galaxy", кој е објавен за неговата издавачка куќа Логос рекордингс. Самоил Радински е ДЈ/продуцент кој активно ја промовира електронската музика уште од првиот момент на нејзино појавување во Македонија. На почетоците, Самоил активната промоција ја остваруваше преку работата во сопствениот клуб САГО, потоа со отварањето и водењето на првиот клуб во Македонија за електронска музика СПУТНИК каде што и почна да работи професионално како ДЈ. Во меѓувреме работи и како промотер, водеше своја радио емисија, а редовно настапува како ДЈ низ целата земја и во странство. Самоил Радински е еден од основачите е на промотерската организација Баланс. Во неколку години живеење во Прага има настапувано во сите реномирани клубови во Чешка и на најпрестижниот фестивал Кримфилдс. Покрај работата како ДЈ тој работи и како продуцент, неговата музика е слушана, вртена и високо вреднувана од врвни ДЈ-и, продуценти и радија како Laurent Garnier, Vince Watson, Fabrice Lig, Paul Mac, BBC Radio, Future Music….итн . Една од неговите композиции е избрана и за најдобра во 2011 год од реномираното Лондонско радио Future Music. Неговата дискографската кука Логос Рекордингс во своето 4 годишно работење успеа да достигне завидни резултати во светски рамки. Слушајте не, од 21-22 ч. на Канал 103. 
Стриминг во живо на http://radio.spodeli.org/103?play

Sunday, September 9, 2012

Снимка од разговорот со Славчо Димитров од 03.09.2012

Снимка од разговорот со Славчо Димитров од Коалицијата "Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници”, по повод отворањето на архивската изложба "Нацистичкиот терор врз хомосексуалците од 1933 до 1945 г.". Изложбата ќе биде отворена на 10-ти септември 2012 год. во 20 ч. во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

Monday, September 3, 2012

Разговор со Славчо Димитров по повод отворањето на архивската изложба "Нацистичкиот терор врз хомосексуалците од 1933 до 1945 г."

Во вечерашното издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, понеделник 03.09.2012 од 21-22 ч., ќе можете да го проследите разговорот со Славчо Димитров од Коалицијата "Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници” по повод отворањето на архивската изложба "Нацистичкиот терор врз хомосексуалците од 1933 до 1945 г.". Изложбата која ќе биде отворена на 10-ти септември 2012 год. во 20 ч. во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, е во организација на организација на Коалицијата "Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници” во партнерство со КВИР Загреб, Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, Холокауст музејот во Вашингтон и Швулц музејот од Берлин. 
Се слушаме од 21-22 ч. на Канал 103 или на http://radio.spodeli.org/103?play