Wednesday, March 28, 2012

Снимка од 60 минути со Kimiko на Канал 103

Разговот со Kimiko од Загреб во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. Прескокнете ги првите 15 минути бидејќи имавме технички проблеми кои не успеавме да ги надминеме, а потоа уживајте во преостанатото време :)

Monday, March 26, 2012

Kimiko во 60 минути со Соња Исмаил на Канал 103 ::: понеделник 26.03.2012 ::: 21-22 ч.

Kimiko е бенд од Загреб, Хрватска, кој веќе подолго време функционира на локалната сцена со променлив лајн-ап и музички стилови. Почнувајќи од четворочлен брит-поп состав па сè до шесточлена нојз машина, конечно се смирија како електро-поп дуо, кое го сочинуваат Lora Šuljić и Zoran Pleško. Станаа познати, свирејќи на локалните фестивали, како EXIT, Žedno Uho и VUM, а ја освоија и наградата MegaMuzika за најдобар нов настап во Хрватска во 2008 година.
По настапот во живо во рамките на емисијата Ако никој не свири на Канал 103, а пред концертот кој што ќе го имаат за скопската публика во среда во Ла Кања, во понеделник Kimiko со интервју во 60 минути со Соња Исмаил на Канал 103.
Слушајте не, од 21-22 ч. на Канал 103.
Стриминг во живо на http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Monday, March 12, 2012

Ана Јовковска во 60 минути на Канал 103 ::: понеделник 12.03.2012 ::: 21-22 ч.

Драги слушатели,
Во најновата епизода на "60 минути со Соња Исмаил", повторно имам драга гостинка.
Ана Јовковска е новинарка, која со својата емисија Пулс, веќе неколку години внесува светлина во извонредно контаминираниот медиумски простор во Македонија.
Со Ана ќе поразговараме за последните непријатни случувања, напливот на национализам, говор на омраза, одговорноста на медиумите, но и за можноста и желбата да се живее заедно, да се надминат тензиите и да се понуди еден поинаков концепт за заеднички живот во општество подеднакво добро за сите негови граѓани.
Бидете со нас од 21-22 ч. на Канал 103.
Можете да не слушате на вашите радио приемници или на стриминг наhttp://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Monday, February 27, 2012

DJ Димитри од Чаир/Пикисипи во 60 минути со Соња Исмаил на Канал 103 ::: понеделник 27.02.2012 ::: 21-22 ч.

Почитувани,
со неизмерно задоволство ве поканувам вечер (понеделник 27.02.2012) од 21-22 ч. на 103-от мегахерц, да го проследите миксот во живо на DJ Димитри од Чаир ака Пикисипи.
Верувам дека ќе се согласите дека не е неопходно да го објаснувам ликот и делото на човекот кој е еден од најодговорните за ширењето на хип-хоп вирусот во Македонија, пред се' со С.А.Ф и Чиста Околина, но и со ТВ шоуто Хип Хоп теза, кое што се емитуваше далечната '97-ма на А1 ТВ, потоа со радио емисиите на А1 и Топ фм радио, бројните настани кои што ги организираше и секако со извонредните диџејски настапи низ клубовите во земјата и Европа. Веќе некое време Пикисипи живее и работи во Прага, но за тоа повеќе ќе ни раскаже вечер во 60 минути.
Се слушаме, од 21-22 ч. на Канал 103. За оние без класичен радио приемник, стриминг на: http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

Tuesday, February 21, 2012

Снимка од разговорот со Славчо Димитров и Улф Петерсон


Снимка од разговорот со Славчо Димитров и Улф Петерсон по повод изложбата Член 1 и Музеј Нестрејт, која се отвора во Скопје во среда, 22 февруари во Чифте Амам (Национална галерија на Македонија). 
И малку музика...

http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-20022012/

Monday, February 20, 2012

Разговор по повод изложбата Член 1 и Музеј Нестрејт ::: понеделник 20.02.2012 ::: 21-22 ч.



Во најновото издание на 60 минути со Соња Исмаил на Канал 103, ќе можете да го проследите разговорот со Славчо Димитров и Улф Петерсон по повод изложбата Член 1 и Музеј Нестрејт, која се отвора во Скопје во среда 22 февруари во Чифте Амам (Национална галерија на Македонија). Член први е патувачка ЛГБТ изложба на некои од најеминентните музеи во Шведска, и нуди преглед на историскиот и современиот живот на ЛГБТ-лицата, првично поставена во Стокхолм за време на Европрајд, во летото 2008 година. Откако беше поставена на Балтик прајд во Рига, во Белград и Сараево, изложбата доаѓа и во Скопје.
Изложбата е составена од неколку помали изложбени дела, секое од нив произведено од различните музеи. Секој дел раскажува различна приказна која има заеднички предмет - ЛГБТ историјата. 
Музеите кои со свој материјал земаат учество во изложбата се: Нобел Музејот, Шведскиот Полицискиот Музеј, Шведскиот Национален музеј на технологија и наука, Шведскиот музеј на армијата, Шведскиот национален музеј на антиквитети и Шведскиот музеј на спортови.  
Изложбата е подржана и овозможена од страна на Шведскиот институт, а како главен организатор стои “The Unstraight Museum”.
Шведската изложба ќе биде проследена и со локална контрибуција која ќе се состои од две поставки: ’Сексуалноста на архивата’ и ’Емоционална архива на нехетеросексуалните искуства во Македонија’.  
Изложбата ќе биде проследена и со дводневна интернационална конференција на тема: Не/Видливо: Политичките и сексуални режими на архивата. Првиот ден од конференцијата, 23.02, ќе се фокусира на темите поврзани со ’Музеите и човековите права. Улогата и одговорностите на јавните инстититуции денес’, додека вториот дел, 25.02, ќе ги отвори прашањата за ’Национализмот,културата, историјата и сексуалноста’. Конференцијата ќе се одржи во Чифте амам, од 18.00-20.30 часот. 
Локални партнери во организацијата на настанот се: Коалицијата ’Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници’, Институтот ’Евро-Балкан’, Чифте амам-Национална галерија на Македонија, Амбасадата на Шведска во Скопје и Амбасадата на Шведска во Белград. 

Monday, February 6, 2012

60 минути со Соња Исмаил на Канал 103 ::: понеделник 06.02.2012


playlist:
1. Prinzhorn Dance School - Happy In Bits 
2. Prinzhorn Dance School - Seed, Crop, Harvest 
3. Prinzhorn Dance School - I Want You 
4. Prinzhorn Dance School - Turn Up The Light 
5. We Have Band - Watertight 
6. We Have Band - Where are your people 
7. Planningtorock - Living It Out (Cosmodelica Remix) 
8. Sasko Kostov & The Waiting Waits - Counting the stars 
9. Sasko Kostov & The Waiting Waits - Unscarred 
10. Tindersticks - Show Me Everything 
11. Tindersticks - Frozen

Тро нови, тро постари музики ::: 30.01.2012


playlist:
1. Radiohead - Bloom (Jamie XX Rework Part 3)
2. Air - Seven Stars
3. Matthew Dear - Headcage
4. Matthew Dear - In The Middle (I Met You There) [feat. Jonny Pierce]
5. Matthew Dear - Street Song
6. Matthew Dear - Around A Fountain
7. Red Snapper - Architectronic [The Elementz Remix]
8. Cut Copy - Sun God (Andrew Weatherall Remix)
9. Cut Copy - Sun God (Andrew Weatherall Arp Version)
10. K-X-P - Aibal Dub
11. Twin Shadow - Tether Beat