Monday, September 24, 2012

Јован Петрушевски во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 24.09.2012 ::: 21-22 ч.

Почитувани слушатели,
Со задоволство ви го најавувам гостувањето на Jован Петрушевски во вечерашното издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. Поводот за разговорот е неговата втора самостојна изложба на графики и цртежи која ќе биде отворена во среда 26-ти септември, во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје.
Јован Петрушевски е роден во Скопје, 1985 година. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности (2007 - 2011) во графичкиот оддел во класата на Зоран Јакимовски со модул графички дизајн. Досега има остварено две самостојни изложби и има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и САД. Живее во Скопје и работи како графички дизајнер.
Ве поканувам да бидете со нас во редовниот термин, од 21-22 ч. на Канал 103. За оние без радио приемник, ова е линкот: http://radio.spodeli.org/103?play

Sunday, September 16, 2012

Снимка од разговорот со Самоил Радински

Снимка од разговорот со Самоил Радински во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, од понеделник 10.09.2012 год. и преслушување на неговиот нов албум "Soul galaxy", кој е објавен за неговата издавачка куќа Логос рекордингс. http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-103-10092012/

Monday, September 10, 2012

Самоил Радински во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103




Почитувани,
Со задоволство ви го најавувам гостувањето на Самоил Радински во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 10.09.2012 од 21-22 ч. Повод за оваа радио дружба е промоцијата на неговиот нов албум "Soul galaxy", кој е објавен за неговата издавачка куќа Логос рекордингс. Самоил Радински е ДЈ/продуцент кој активно ја промовира електронската музика уште од првиот момент на нејзино појавување во Македонија. На почетоците, Самоил активната промоција ја остваруваше преку работата во сопствениот клуб САГО, потоа со отварањето и водењето на првиот клуб во Македонија за електронска музика СПУТНИК каде што и почна да работи професионално како ДЈ. Во меѓувреме работи и како промотер, водеше своја радио емисија, а редовно настапува како ДЈ низ целата земја и во странство. Самоил Радински е еден од основачите е на промотерската организација Баланс. Во неколку години живеење во Прага има настапувано во сите реномирани клубови во Чешка и на најпрестижниот фестивал Кримфилдс. Покрај работата како ДЈ тој работи и како продуцент, неговата музика е слушана, вртена и високо вреднувана од врвни ДЈ-и, продуценти и радија како Laurent Garnier, Vince Watson, Fabrice Lig, Paul Mac, BBC Radio, Future Music….итн . Една од неговите композиции е избрана и за најдобра во 2011 год од реномираното Лондонско радио Future Music. Неговата дискографската кука Логос Рекордингс во своето 4 годишно работење успеа да достигне завидни резултати во светски рамки. Слушајте не, од 21-22 ч. на Канал 103. 
Стриминг во живо на http://radio.spodeli.org/103?play

Sunday, September 9, 2012

Снимка од разговорот со Славчо Димитров од 03.09.2012

Снимка од разговорот со Славчо Димитров од Коалицијата "Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници”, по повод отворањето на архивската изложба "Нацистичкиот терор врз хомосексуалците од 1933 до 1945 г.". Изложбата ќе биде отворена на 10-ти септември 2012 год. во 20 ч. во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

Monday, September 3, 2012

Разговор со Славчо Димитров по повод отворањето на архивската изложба "Нацистичкиот терор врз хомосексуалците од 1933 до 1945 г."

Во вечерашното издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, понеделник 03.09.2012 од 21-22 ч., ќе можете да го проследите разговорот со Славчо Димитров од Коалицијата "Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници” по повод отворањето на архивската изложба "Нацистичкиот терор врз хомосексуалците од 1933 до 1945 г.". Изложбата која ќе биде отворена на 10-ти септември 2012 год. во 20 ч. во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, е во организација на организација на Коалицијата "Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници” во партнерство со КВИР Загреб, Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, Холокауст музејот во Вашингтон и Швулц музејот од Берлин. 
Се слушаме од 21-22 ч. на Канал 103 или на http://radio.spodeli.org/103?play 

Tuesday, July 3, 2012

Снимка од 60 минути со Горан Кан - Керкез на Канал 103


Снимка од гостувањето на Горан Кан во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, од понеделник 02.07.2012 година. Преслушување на неговиот извонреден деби албум Бои и пријатен разговор.

Sunday, July 1, 2012

Горан Кан (Керкез) во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 02.07.2012

Драги слушатели,
Со особено задоволство ви го најавувам гостувањето на Горан Кан во следната епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 02.07.2012, од 21-22 ч.
Горан Кан а.к.а. Керкез е музичар, dj и продуцент кој е присутен на македонската, но и светска електронска музичка сцена од 1998 година. Неговите почетоци се врзани за house музиката, за набргу потоа неговиот сензибилитет да стане поблизок на techno музиката. Со музичка продукција се занимава од 1999 година. Неговата музика се нашла на изданија на реномираните издавачки куќи Primal Force, SAF, Minisketch, Impact Mechanics, Flux, Logos, Artefact, Soul Access, Q Records... 
Повод за неговото гостување во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 е неговиот извонреден деби албум Бои кој се појави неодамна за неговата издавачка куќа Kerkez Music.
Бидете со нас, во понеделник 02.07.2012, од 21-22 ч. на Канал 103.
Оnline streaming: http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u and http://radio.bittshare.org/?mount=%2F103.ogg

Tuesday, June 5, 2012

Снимка од настапот во живо на Herzel & Genoveva во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103

Повелете снимка од извонредниот настап во живо на Herzel & Genoveva во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, од понеделник 04.06.2012.
Pure pleasure!
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-herzel-genoveva/
Tracklist: 
01 Brown Paper Bag (Deer Remix) (unreleased) 
02 Brown Paper Bag (Shcaa Remix) (unreleased) 
03 Distant Shapes (riot riot technique) 
04 Chroma Feel (dubwax) 
05 The Mirror (other heights) 
06 No More Lies (other heights) 
07 The Safe Place (H&G's the safest edit) (unreleased) 
08 Recondite - Defuse (Herzel's State Of Flow Remix) (forthcoming on plangent records)
09 Sidechains (unreleased) 
10 Lichtraum (unreleased) 
11 The Action Of Staying (dubwax)

Sunday, June 3, 2012

Herzel & Genoveva со настап во живо во 60 минути со Соња Исмаил на Канал 103 ::: понеделник 04.06.2012 ::: 21-22 ч.

Почитувани,
Со неизмерна радост ви го најавувам настапот во живо на Herzel & Genoveva, во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 04.06.2012 од 21-22 ч.
Genoveva e уникатна вокалистка и продуцент од Скопје, која соработува со македонски и странски артисти кои создаваат електронска музика.
Herzel e проект на Александар Гроздановски, роден во Битола, школуван како академски фотограф во Софија, кој во моментов живее и работи во Скопје. Herzel е природен след на многу години активно слушање, пуштање и создавање музика. EP трилогијата "Maps and Thoughts" на Herzel беше издадена од македонскиот издавач Filter Label во 2011 година. Во 2012 следуваа уште едно EP за Greenfields (net label од Македонија), a најсвежи се изданијата за издавачките куќи Other Heights (Белгија) и Dubwax (Германија). 
По неколкуте настапи во април во Берлин, Herzel и Genoveva за прв пат настапија во Скопје во клубот Капан ан во рамките на Argumento вечерите.
Музиката на Herzel и Genoveva е carte blanche за нивната извонредно емотивна, искрена, пулсирачка и нова планета.
Бидете со нас, во понеделник 04.06.2012, од 21-22 ч. на Канал 103.
Стриминг во живо на http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u или http://radio.bittshare.org/?mount=%2F103.ogg 

Monday, May 14, 2012

Снимка од 60 минути со Хипнополис на Канал 103

Снимка од гостувањето на Небојша Тодоровски и Зоран Зафировски од кумановскиот бенд Хипнополис во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. Разговор и премиерно преслушување на нивниот надоаѓачки деби албум. Уживајте!
http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-07052012/