Снимка од гостувањето на Горан Кан во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, од понеделник 02.07.2012 година. Преслушување на неговиот извонреден деби албум Бои и пријатен разговор.
"60 минути со Соња Исмаил" е емисија која се емитува на Канал 103, секој понеделник од 21-22 ч. Оваа емисија е продолжение на емисијата "Storytelling" која се емитуваше на истото радио 4 години, секоја недела од 18-20 ч. "60 минути со Соња Исмаил" ќе се обиде да го надитри временскиот лимит, и во ексклузивните 60 минути да понуди фина музика и интересни гости.
Tuesday, July 3, 2012
Снимка од 60 минути со Горан Кан - Керкез на Канал 103
Снимка од гостувањето на Горан Кан во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, од понеделник 02.07.2012 година. Преслушување на неговиот извонреден деби албум Бои и пријатен разговор.
Sunday, July 1, 2012
Горан Кан (Керкез) во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 02.07.2012

Со особено задоволство ви го најавувам гостувањето на Горан Кан во следната епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 02.07.2012, од 21-22 ч.
Горан Кан а.к.а. Керкез е музичар, dj и продуцент кој е присутен на македонската, но и светска електронска музичка сцена од 1998 година. Неговите почетоци се врзани за house музиката, за набргу потоа неговиот сензибилитет да стане поблизок на techno музиката. Со музичка продукција се занимава од 1999 година. Неговата музика се нашла на изданија на реномираните издавачки куќи Primal Force, SAF, Minisketch, Impact Mechanics, Flux, Logos, Artefact, Soul Access, Q Records...
Повод за неговото гостување во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 е неговиот извонреден деби албум Бои кој се појави неодамна за неговата издавачка куќа Kerkez Music.
Бидете со нас, во понеделник 02.07.2012, од 21-22 ч. на Канал 103.
Оnline streaming: http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u and http://radio.bittshare.org/?mount=%2F103.ogg
Subscribe to:
Posts (Atom)