Tuesday, November 26, 2013

Снимка од разговорот со Дарко Лешоски во „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103

Снимка од разговорот со Дарко Лешоски во „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103. Олабаено, како по папучи, дома.

5 comments:

  1. Обично не се прави нешто „олабаено“ ако се нема идеја или концепт како би одело, барем отприлика. Не секој може да игра фудбал, аналогно на тоа не секој може да води радио емисии. Но, сепак има и неталентирани луѓе што играат фудбал, ако доволно вложат и се трудат од тоа.

    Јас „интервјуто“ го слушав 10-тина минути, така што не можам да тврдам дали водителката има талент или не. Она што можам да го заклучам е дека не се труди ама воопшто. Не можам да слушам некој радио водител толку да се „укочува“ додека кажува реченици, би сфатил еднаш, ама на секој втор збор (буквално), мислам дека е непрофесионално. Дури и за македонски, аматерски водител, макар и имал 3 слушатели.

    Олабаено можат да прават Тони Михајловски и Игор Џамбазов.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам на коментарот tylerswe. Ќе беше пристојно да се претставите, како би знаела со кого дискутирам. Но нејсе, идеата на емисијата не е да се истакнат квалитетите (или недостатоците) на водителката, туку да се претстават гостите и да се разговара на теми за кои што тие се релевантни или теми кои се актуелни, или акутни.
      Оваа емисија ја опишав како „олабаена“ од причина што токму така се чувствуваме и јас и Дарко за време на емисијата и тоа е веројатно совршениот опис на нашата приватна, интимна релација.
      Жалам што не сте понеле убави спомени од 10 минутното преслушување на снимката од оваа емисија, а сте потрошиле веројатно повеќе од 10 минути во обидот за моја дисквалификација.

      Поздрав,
      Соња Исмаил

      Delete
    2. Убаво е кога вака „на пишано“ имате прекрасен начин на искажување. Емисија на радио не може да води секој, затоа кога имате таква чест, треба да се потрудите. Мене никогаш не ми било проблем некој да нема вроден талент, бидејќи за сите работи во животот е потребно 90% труд и 10% талент.

      Она што ми сметаше е дека имате чест да водите емисија на радио и не сте се ни потрудиле да осмислите некој концепт за неа. Океј, нека биде лабаво, ама ако знаете дека слабост ви е искажувањето или одредени зборови, одвојте 1 час и напишете ги речениците, а потоа читајте ги истите на радио. За мене лично е иритирачки кога морам да слушам радио водител како непотребно прави паузи на секој втор збор, а би требало да биде со поголем фонд на зборови и талент за зборење од обичен човек.

      Втора работа е што вашата интимна релација со Дарко ја имате вие, ја немаме ние слушателите. Треба концепциски (пак ќе ви кажам, од концептот почнува се) да размислите дали на слушателите им е „гајле“ за тоа каква е вашата релација - дел се вклучиле за Дарко, дел се по дифолт на станицата во кола, а дел се вклучиле да речеме за вас. Вашите пријатели кои ја знаат вашата врска веќе ви се фанови, така што пред нив можете „олабаено“, ама пред останатите тој начин на дискусија на радио делува исфорсирано и невкусно.

      Третата работа која мора да ја потенцирам е стилот на вашиот коментар. Вие сте јавна личност, јас не сум. Поради тоа, не морам јас да оставам име или презиме. И поради тоа, јас можам послободно од вас да се однесувам во овие коментари. Од друга страна, не ви доликува да пишувате досетки како „сте потрошиле повеќе од 10 минути“. Пред се, невкусно е на тој начин да се обраќате на еден слушател. Но, ако размислите малку, ќе сфатите дека тотално ја промашувате поентата на моите 10 минути од првиот коментар. Тие беа пишани не затоа што сум немал време, туку затоа што толку можев да издржам поради неквалитетот на интервјуто. Значи би ве советувал дури и кога навредувате, да го правите тоа малку поосмислено, а истото би важело и за вашата емисија. Боја на глас за радио имате би рекол одлична, но сите други аспекти во оваа ваша епизода беа, според мене нели, промашени. Начинот на дискусија, вашиот начин на изговарање, техничките проблеми (не сте целосно, ама делумно виновна и за тоа), тивкиот тон на Лешоски (ова мора да се тестира, вие зборите со 20 децибели, тој со 5) и да не продолжувам понатаму.

      Мојот прв коментар (а и вториот) е остар и на моменти навредлив, ама навистина очекував многу, многу повеќе...

      Delete
    3. Благодарам на исцрпната анализа.
      Се согласувам, можеби на несоодветен начин се обидовме да емитираме дел од нашата интима во етерот.
      Не можам да се согласам дека имаме различна одговорност во однос на коментирањето со цело име и презиме или со псевдоним, како што е случај со вас. Во најмала рака, фер е да се претставите, заради квалитетот на дискусијата, но и за рамноправноста во истата.
      За крај, жалам што сте се навредиле од мојот коментар, немав таква намера.


      Delete
  2. Јас за разлика го ислушав интервјуто во потполност и можам само да кажам дека целосно се согласувам со погоре напишаниот коментар. Толку.

    ReplyDelete