"60 минути со Соња Исмаил" е емисија која се емитува на Канал 103, секој понеделник од 21-22 ч.
Оваа емисија е продолжение на емисијата "Storytelling" која се емитуваше на истото радио 4 години, секоја недела од 18-20 ч.
"60 минути со Соња Исмаил" ќе се обиде да го надитри временскиот лимит, и во ексклузивните 60 минути да понуди фина музика и интересни гости.
Monday, March 7, 2011
Ади Имери, гостин во "60 минути со Соња Исмаил" ::: понеделник 07.03.2011 ::: 21-22 ч.
Во 15-то издание на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, со задоволство ви го најавувам гостувањето на Ади Имери. Овој млад гитарист и композитор е активен член на повеќе музички состави: Јаболко за Даскалот, String Forces, Bill Skins Fifth, Next to Silence Quartet, Zdeev, The Lady said NO, DeirZor, Necrotesticvs, и др. Повод за неговото гостување, меѓу другото е и промоцијата на неговиот албум "Јас навивам за којотот", која треба да се случи во сабота 12 март, во Ла Кања. Слушајте не во понеделник 7 март, од 21-22 ч. на Канал 103! http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u
No comments:
Post a Comment