Sunday, March 27, 2011

Александар Гроздановски во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 28.03.2011 ::: 21-22 ч.

Имам извонредно тешка задача. Да напишам најава за гостувањето на Александар Гроздановски во 17-то издание на мојата нова емисија на Канал 103, "60 минути со Соња Исмаил".
Велам тешка, од причина што Александар Гроздановски е пред се, мој многу искрен и драг пријател веќе со години, па така пишувајќи го ова, се обидувам да не влетам во заводливите води на патетичниот дискурс.
Александар, кој професионално се занимава со фотографија, веќе долго време прави и музика. Убава музика. Некогаш тоа е музика која ве поткрева и разигрува, понекогаш тоа е музика која бесрамно се лепи на вашите меланхолични утра. Неговиот последен музички проект Herzel беше доволно провокативен за издавачката куќа Филтер, која денес официјално го објави ep-то Maps And Thoughts кое содржи 3 песни. На една од песните ќе можете да го слушнете извонредниот вокал на Сашко Костов.
Александар Гроздановски има што да каже, слушајте не!

No comments:

Post a Comment