Monday, September 10, 2012

Самоил Радински во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103




Почитувани,
Со задоволство ви го најавувам гостувањето на Самоил Радински во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 10.09.2012 од 21-22 ч. Повод за оваа радио дружба е промоцијата на неговиот нов албум "Soul galaxy", кој е објавен за неговата издавачка куќа Логос рекордингс. Самоил Радински е ДЈ/продуцент кој активно ја промовира електронската музика уште од првиот момент на нејзино појавување во Македонија. На почетоците, Самоил активната промоција ја остваруваше преку работата во сопствениот клуб САГО, потоа со отварањето и водењето на првиот клуб во Македонија за електронска музика СПУТНИК каде што и почна да работи професионално како ДЈ. Во меѓувреме работи и како промотер, водеше своја радио емисија, а редовно настапува како ДЈ низ целата земја и во странство. Самоил Радински е еден од основачите е на промотерската организација Баланс. Во неколку години живеење во Прага има настапувано во сите реномирани клубови во Чешка и на најпрестижниот фестивал Кримфилдс. Покрај работата како ДЈ тој работи и како продуцент, неговата музика е слушана, вртена и високо вреднувана од врвни ДЈ-и, продуценти и радија како Laurent Garnier, Vince Watson, Fabrice Lig, Paul Mac, BBC Radio, Future Music….итн . Една од неговите композиции е избрана и за најдобра во 2011 год од реномираното Лондонско радио Future Music. Неговата дискографската кука Логос Рекордингс во своето 4 годишно работење успеа да достигне завидни резултати во светски рамки. Слушајте не, од 21-22 ч. на Канал 103. 
Стриминг во живо на http://radio.spodeli.org/103?play

No comments:

Post a Comment