"60 минути со Соња Исмаил" е емисија која се емитува на Канал 103, секој понеделник од 21-22 ч.
Оваа емисија е продолжение на емисијата "Storytelling" која се емитуваше на истото радио 4 години, секоја недела од 18-20 ч.
"60 минути со Соња Исмаил" ќе се обиде да го надитри временскиот лимит, и во ексклузивните 60 минути да понуди фина музика и интересни гости.
Снимка од разговорот со Ивица Димитријевиќ и Филип Станчевски од бендот СИЗ (Самоуправна Интересна Заедница) од последната епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. http://www.mixcloud.com/sonjaismail/60-siz-103-19112012/
Драги пријатели и слушатели, Со извонредна радост ви го најавувам гостувањето на Ивица Димитријевиќ и Филип Станчевски од бендот СИЗ (Самоуправна Интересна Заедница) во новата епизода на "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103. СИЗ е прилично млад бенд кој доаѓа од Куманово. За нецела година, веќе имаат багаж како сериозен бенд со повеќегодишен стаж. Имаа одлична европска турнеја со ХаХаХа и го издадоа нивниот прв албум Responsibility за издавачката куќа Направи Заедно. Вечер со Ивица и Филип ќе разговараме за музиката што ја создаваат, но ќе чуеме и дел од музиката која што ги инспирира и го бои нивното секојдневие. Не пропуштајте, овие момци рокаат! Се слушаме вечер, понеделник 19.11.2012, од 21-22 ч. на Канал 103. Оnline streaming: http://radiostream.neotel.mk:8000/kanal103.m3u http://radiostream.neotel.mk/kanal103
Почитувани, задоволство ми е да ви најавам дека во вечерашното издание на „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103, ќе биде репризирана радиодрамата „Пеперутка“, која својата премиера ја имаше вчера на Радио МОФ. „Пеперутка“ е авторски текст на Сашо Димовски а е во продукција на независниот театар „Театра“. Оваа лирска драма во два дела, поделена на шест пеења ја читаат Васил Зафирчев и Марија Зафирова, врз авторска музика на Тања Рибарска, која е и режисер на звучната слика. „Пеперутка“ епрва од циклусот радиодрами со кои независниот театар „Театра“ ќе ја започне својата нова сезона и ќе го промовира проектот „Секаде театар!“. Идејата на самиот проект е преку текстови на млади и нови автори да се реафирмира радиодрамата како жанр, а воедно и да се излезе од конвенционалните рамки на театарот и да се влезе во домовите на неговите љубители. Во вечерашното издание на „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103, ќе имате прилика да го проследите разговорот со авторот на „Пеперутка“, Сашо Димовски, како и со Марија Зафирова и Васил Зафирчев. Радио драмата е во траење од 18 минути. Се слушаме од 21-22 ч. на Канал 103. Стриминг во живо тука или тука.