Monday, January 28, 2013

60 минути со Лука Кортина на Канал 103 ::: 28.01.2013 ::: 21-22 ч.

Драги слушатели,
со радост ви го најавувам гостувањето на Лука Кортина во најновото издание на „60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 28.01.2013 од 21 до 22 ч. Лука Кортина веќе седум години живее во Скопје. Тука дојде од Фиренца, Италија по препорака на познатиот режисер Паоло Маѓели и студираше театарска режија на ФДУ во класата на Слободан Унковски. Последниве години интензивно работи како помошник режисер (во и вон Македонија) на Александар Поповски. Беше селектор на минатогодишната програма на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, а постојано режира и остварува и други активности во сферата на театарот и културата. На 14 ноември минатата година во кумановскиот театар се одржана премиера на претставата „Духот на слободата“, според недовршен текст од Војдан Чернодрински, а „комплетиран“ од Горан Стефановски, во режија на Лука Кортина. Со Лука вечерва ќе разговараме за слободата и нејзината (не)дофатливост, за начините на нејзиното освојување, но секако и за музиката која што го бои неговото секојдневие.
Бидете со нас, во понеделник 28.01.2013 од 21 до 22 ч. на Канал 103.
За оние без класичен радио приемник, ова се линковите за стриминг:

No comments:

Post a Comment