Ola Dioss, е алтернативен хип-хоп артист со Британско, Француско и Македонско потекло. Поголемиот дел од времето живее, твори и настапува во Британија, а последниов период е во Скопје, каде што настапува заедно со Bei The Fish, на концертната турнеа за нивниот последен албум 'Just An Idea!?: atto primo', каде што Ola се појавува на неколку песни. Во меѓувреме соработува и со македонските музичари La Colonie Volvox, Canon, N.G.O, и DJ Гоце (SAF) на нивните проекти и перформанси.Летово беше актуелен и со концертната промоцијата на неговиот последен mixtape Invading the Invaders на кој што соработува со Ненад Тонкин и Огнен Анастасовски од Bei The Fish.
Во “60 минути со Соња Исмаил”, Ola Dioss ќе не почасти со она што најдобро го прави, рецитал во слободен стил!