
Изложбата е составена од неколку помали изложбени дела, секое од нив произведено од различните музеи. Секој дел раскажува различна приказна која има заеднички предмет - ЛГБТ историјата.
Музеите кои со свој материјал земаат учество во изложбата се: Нобел Музејот, Шведскиот Полицискиот Музеј, Шведскиот Национален музеј на технологија и наука, Шведскиот музеј на армијата, Шведскиот национален музеј на антиквитети и Шведскиот музеј на спортови.
Изложбата е подржана и овозможена од страна на Шведскиот институт, а како главен организатор стои “The Unstraight Museum”.
Шведската изложба ќе биде проследена и со локална контрибуција која ќе се состои од две поставки: ’Сексуалноста на архивата’ и ’Емоционална архива на нехетеросексуалните искуства во Македонија’.
Изложбата ќе биде проследена и со дводневна интернационална конференција на тема: Не/Видливо: Политичките и сексуални режими на архивата. Првиот ден од конференцијата, 23.02, ќе се фокусира на темите поврзани со ’Музеите и човековите права. Улогата и одговорностите на јавните инстититуции денес’, додека вториот дел, 25.02, ќе ги отвори прашањата за ’Национализмот,културата, историјата и сексуалноста’. Конференцијата ќе се одржи во Чифте амам, од 18.00-20.30 часот.
Локални партнери во организацијата на настанот се: Коалицијата ’Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници’, Институтот ’Евро-Балкан’, Чифте амам-Национална галерија на Македонија, Амбасадата на Шведска во Скопје и Амбасадата на Шведска во Белград.
No comments:
Post a Comment