Sunday, April 29, 2012

Да Џака Накот во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ::: понеделник 30.05.2012 ::: 21-22 ч.

Почитувани, 
со неизмерно задоволство ви го најавувам гостувањето на Да Џака Накот во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103, во понеделник 30-ти мај, од 21-22 ч.
Повод за оваа радио дружба е издавањето на пакет од 10, токму така, десет албуми со наслов Божјиот прототип, кој ќе се состои од два дискови, еден во аудио формат на кој е впишан новиот материјал, додека на вториот диск во mp3 формат ќе ја има колекцијата од претходните изданија.
Ова делукс издание ќе содржи буклет со текстовите и бонус ЦД насловено "Се' под рајот" во кое се наоѓаат претходните изданија на Да Џака Накот како "Неопходно зло", "Нема повеќе тајни", "Биомеханика", "Прирачник за модерна војна"... но и многу други необјавени и ретки песни во кои што е инволвирана целата македонска хип хоп сцена од Легијата, Темната страна, па се' до Единствена опција. Новиот материјал на Да Џака Накот содржи 15 нови песни снимени во Шурикен Рекордс и Bootlegz Bassement ent. во периодот од 2010-2012 година и е во целост продуциран од Да Џака Накот и легендата на македонскиот хип хоп DJ Гоце од С.А.Ф. Како гости на албумот се појавуваат Страјк и српските хип хоп изведувачи Дон Дада и Б'вана
Во "60 минути со Соња Исмаил" на Канал 103 ќе имате прилика за прв пат да чуете некои нови песни од лабораторијата на Џака и секако, многу повеќе детали за создавањето на ова издание.
Бидете со нас, во понеделник 30-ти мај, од 21-22 ч. на Канал 103.
Стриминг во живо на http://217.16.69.17:8000/kanal103.mp3.m3u

No comments:

Post a Comment