
Во новата епизода на „60 минути со Соња Исмаил“ на Канал 103, со задоволство ви го најавувам гостувањето на Мартин Чанаќевиќ, еден од организаторите на фестивалот за електронска музика и медиумска уметност de:sonanz. Овогодинешното петто по ред издание на фестивалот, повторно ќе претстави врвни артисти од германската и македонската електронска музичка сцена со нивни аудио-визуелни перформанси, настапи во живо и диџеј сетови, филмска програма и една аудио работилница.
Фестивалот de:sonanz ќе се случува на 27 и 28 септември во Скопје.
Мартин Чанаќевиќ ќе ни каже повеќе за програмата, а ќе слушаме и музика од артистите кои што ќе настапат на овогодинешното издание на фестивалот.
Бидете со нас, од 21-22 ч. на Канал 103.
Можете да не слушате на 103-от мегахерц или на http://radiostream.neotel.mk:8000/kanal103.m3u или http://radio.spodeli.org/103?play.
No comments:
Post a Comment